Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потврдена затворската казна за поранешниот претседател Никола Саркози, но тој нема да биде зад решетки

0
By Соња Крамарска on May 17, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 17, 2023 11:21

Судот ја отфрли жалбата на поранешниот француски претседател Никола Саркози против неговата затворска казна за корупција.

Сепак, Апелацискиот суд во Париз пресуди дека тој може да носи нано-алка  наместо да оди во затвор.

Во 2021 година, Саркози беше осуден на три години затвор, од кои две беа условни, поради обид за влијание врз судија во посебен случај во 2014 година.

67-годишниот Саркози е првиот поранешен француски претседател осуден на затворска казна.

Саркози е прогласен за виновен за обид за поткуп на судија, нудејќи му престижна работа во замена за информации за правните постапки во кои е вклучена неговата партија.

Судијата рече дека „го искористил статусот на поранешен француски претседател“ во „особено сериозен“ чин на погрешно постапување.

Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, остро ги отфрли сите обвинувања за време на судењето.

Обвинителството побара четири години затвор, од кои две условни, за Саркози и уште двајца обвинети во истиот случај – поранешниот судија Жилбер Азибере и поранешниот адвокат на Саркози, Тиери Ерзог.

Политичарот „знаеше дека тоа што го прави е погрешно“, рече судијата.

Како претседател Саркози водеше остра антиимиграциска политика и се обиде да ја реформира економијата за време на мандатот засенет од глобалната финансиска криза.

Критичарите сметаа дека неговиот стил на владеење е премногу дрзок и хиперактивен за таква традиционална улога.

По завршувањето на неговиот мандат во 2012 година, тој се кандидираше за реизбор, но загуби од социјалистот Франсоа Оланд.

Оттогаш против него се покренати повеќе кривични истраги.

Тој, исто така, се обиде да се врати на политичкиот живот во 2017 година, но не успеа бидејќи неговата централно-левичарска партија избра друг кандидат.

Еден од неговите најголеми поддржувачи е неговата втора сопруга Карла Бруни Саркози, пејачка и поранешна манекенка со која ја имаат ќерката Џулија која се роди додека беа претседателска двојка.

затворска казна Никола Саркози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.