Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од 1.000 граѓани чекореа за поддршка на болните од рак на дојка

0
By Нова ТВ on October 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По осми пат денеска со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и компанијата „Пелистерка“ беше организирана хуманитарната манифестација „Напред розово“ во кој сите собрани средства се наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка“ за различна помош на болните од канцер.

Повеќе од 1.000 граѓани од цела Македонија, меѓу кои и многу жени кои во моментов се борат или веќе се избориле со рак на дојка, денеска со традиционалната розова прошетка и трка во Градскиот парк во Скопје им изразија поддршка на сите заболени од овој вид канцер.

Годинава, во рамките на манифестацијата, за првпат се организираше и хуманитарна трка во Градскиот парк во должина од 1 километар.

Рекреативни тркачи, професионални атлетичари, мајки со бебиња во колички, мали девојчиња, повозрасни жени, но и членови на нивните семејства, беа дел од розовата трка која има ревијален карактер.

Пред официјалниот старт на трката, учесниците се загреваа со зумба, а забавата продолжи и по завршувањето на трката со диџеи и лотарија за сите учесници на манифестацијата.

Претседателката на „Борка“ и на Алијансата на пациентски организации во Македонија, Биба Додева, пред стартот на прошетката истакна дека ракот е потенцијално излечива болест која што може да се победи исклучиво преку вложување во професионално и етичко работење.

– Тоа подразбира навремена дијагноза, ефективно лекување и достапност до современ третман и терапии. И покрај сите заложби на граѓанскиот сектор, здравствените институции и Владата, состојбата во нашата земја е алармантна и ни укажува дека малигните заболувања мора да станат приоритет на здравствените власти преку интензивно градење на одржлива Национална стратегија за контрола на ракот со цел да се подобрат поразителните факти – рече Додева.

Сите собрани средства од регистрацијата за трката и прошетката ќе бидат наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка“ во делот на психосоцијална помош и поддршка на заболените од рак на дојка, обезбедување перики за жените кои не можат да си дозволат да ги купат, посета на болните на Клиниката за онкологија, обезбедување секојдневна комуникација со психолог и едукација на населението од цела Македонија.

Маркетинг-директорката на компанијата „Пелистерка“, Тања Панделеска, истакна дека манифестацијата се организира со цел учесниците да им дадат поддршка на сите блиски луѓе кои се борат со рак на дојка.

– Денеска се собравме за вистински да им покажеме дека сме тука за нив. И како индивидуи и во името на општествено одговорните компании. Истовремено, тука сме да ја рашириме свеста дека ракот на дојка не се случува само на другите, за нас непознати лица и имиња, туку сите ние и нашите најдраги, сме негова потенцијална мета. И затоа мора да се заштитиме. Ракот на дојка може да се третира и да се победи, благодарение на раното дијагностицирање – рече Панделеска.

Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија, Михаела Швајцер – Блум истакна дека Амбасадата на САД е горда што може да ја поддржи манифестацијата „Напред розово“.

– Среќна сум што денеска гледам дека дојдоа толку многу луѓе за оваа важна цел. Ракот на дојка е една од водечките причини за смртност меѓу жените во САД и во Македонија. Настани како денешната прошетка се одлична можност за споделување информации, како што се важноста на самопрегледите и на раното откривање, што може да им помогне на луѓето да живеат подолг и поздрав живот – рече Швајцер – Блум.

Ракот на дојка е најчестиот тип дијагностициран рак кај жените во светот, а по смртноста овој вид карцином е на прво место во светот и во Македонија. Минатата година во земјава се откриени околу 1.200 нови случаи на рак на дојка или просечно по 3-4 жени дневно. Македонија е една од ретките земји во Европа каде што смртноста од канцер се зголемила за околу 9 отсто во последните 15 години. Според бројот на смртни случаи од рак, Македонија е на трето место во Европа.

Голем дел од учесниците дома заминаа со награди кои ги обезбедија компании-поддржувачи на настанот:  „Пелистерка“, винарија „Еземит“, „АВОН“, „ДМ маркети“, болницата „Филип Втори“, „Медикус хелп“, „Фармаген“, како и донација на книги од писателите Драган Танески и Ана Бунтеска.

Напред розово рак на дојка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.