Најмалку 1,3 милиони луѓе пристигнале во Полска од Украина откако Русија ја започна воената инвазија, објави денеска полската амбасада во Европската унија на Твитер, цитирајќи податоци од Агенцијата за гранична стража на земјата.
„Меѓу нив 93 отсто се Украинци, 1 отсто се Полјаци и 6 отсто се од 100 други различни земји“, се вели во објавата.
Само во вторникот, според агенцијата, околу 125.800 луѓе преминале во Полска.