Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од 2 000 новозаразени во Грција, нови 67 случаи со делта сојот

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 СВЕТ
Фото: greeka.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе трет ден во Грција, бројот на новозаразени бележи нагорен тренд, а денеска по пауза од месец и половина се регистрирани над 2 000 нови случаи на Ковид-19, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24-часа регистрирани се 2 107 новозаразени, починаа десет лица, а 153 се приклучени на апарати. Најголемиот број, повеќе од половина нови случаи, односно 1.115 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 241 на островот Крит.

Во однос на делта сојот, според седмичниот извештај, потврдени се нови 67 случаи, со што вкупниот број се зголеми на 121, од кои најголемиот број 58 се во градот Ираклио на Крит (31 е од контакти на познат случај), 39 се во Атика, пет во Солун, по четири на атинскиот аеродром и на Лезбос, три во градот Ретимно на Крит, два на островот Парос и по еден во областите Арголида, Ахаија, Евија, во Коринт, Лариса и на Халкидики.

Сепак, како што пренесува МИА, доколку се анализираат официјалните податоци за мутациите во Грција, доминантен е алфа сојот со 14 422 потврдени случаи, односни 80,35 отсто од вкупниот број мутации, а потоа следи делта сојот со 0,67 проценти.

На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција професорката Вана Папаевангелу, која е и членка на Комисијата на епидемиолози и заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас објаснија дека околу пет до шест отсто од делта сојот се руски туристи и токму затоа, веќе извесно време, освен сертификат за вакцинација, за нив, потребен е и негативен тест.

Хардаљас рече дека случајот со Русија се однесува на влезните точки во Грција и „доколку произлезе и некоја друга земја од која ќе има увезени случаи, ќе ја следиме истата логика како и за Русија“ и додаде дека делта сојот бил откриен и кај посетители кои пристигнале од Англија.

За ситуацијата со пандемијата во Грција, Папаевангелу рече дека во изминатите две седмици, просечната возраст на новите случаи се намалила за десет години и изнесува 23 години, а речиси еден од десет хоспитализирани е под 24 години, додека пак во земјата, активни се околу 9 000 случаи. Хардаљас потенцираше дека постои силна препорака, оние кои се враќаат од островите да прават селф тестови, односно тестови за домашна употреба.

Грција делта сој Корона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.