Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од 20 лица повредени на протестот во Барселона

1
By Нова ТВ on March 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 20 лица се повредени во синиќешните протести во Барселона поради одлуката на шпанскиот Врховен суд да издаде меѓународни потерници за Карлес Пучдемон и уште петмина приврзаници за независност на Каталонија.

Медицинска помош им била пружена на 24 лицам а во повеќето случаи, како што информираат од каталонската служба за итна помош, станува збор за модринки добиени за време на протестот.

Според полицијата во Барселона на протестот учестувале 10 илјади луѓе. Демонстрантите бараат и ослободување на притворените политичари на Каталонија.

Врховниот суд на Шпанија вчера одлучи да издаде меѓународни и европски налози за апсење на шестмина каталонски лидери, меѓу кои и за поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон.

Судот, кој го испитува случајот за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија, одлучи да ги реактивира европските налози за апсење против Пучдемон и петмина поранешни министри кои живеат во егзил во Белгија. Шпанскиот врховен суд, исто така, бара да се издаде меѓународна потерница и попретседателката на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) Марта Ровира, која вчера одби да се појави пред суд и покрај тоа што била повикана и која, според шпанските медиуми, се наоѓа во Швајцарија.

Шпанската полиција по налог на Врховниот суд на Шпанија вчера приведе уште петмина каталонски сепаратистички лидери, меѓу кои и кандидатот за претседател на регионалната Влада на Каталонија, Жорди Турул.

Во налогот на Судот се нагласува дека тие треба да бидат задржани во притвор се додека трае истрага против нив за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Обвиненија за бунт, злоупотреби на функциите и непочитување на институциите на шпанската држава се покренати против вкупно 25 каталонски регионални лидери, меѓу кои се и петмината приведени.

По вчерашното приведување, Турул не ќе може да присуствува на денешната дебата во каталонскиот Парламент посветена на неговиот избор за претседател на регионалната Влада.

Покрај Турул, меѓу приведените каталонски лидери е и поранешната претседателка на Парламентот во Барселона, Карме Форкадел и тројца екс-министри во регионалната Влада на Каталонија.

Согласно шпанските закони, обвинението за бунт предвидува казна до 30 години затвор.

 

Каталонија повредени потерници протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.