Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од 70 лица во Западен Балкан се осудени за тероризам

0
By Нова ТВ on May 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 30, 2018 15:45

Од 2016 година до денес судовите во регионот на Западен Балкан осудија и затворија повеќе од 70 лица за тероризам и за учество во странски боишта, со вкупни пресуди од над 380 години – изјави денеска во Тирана генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ.

Зборувајќи на работен состанок на претставници на полициски и правосудни органи од земјите на Западен Балкан и другии меѓународни претставници, Свилановиќ предупреди дека се регистрирани и се формираат нови видови терористички активности, особено во кибернетичкиот простор и има радикализација преку интернет, со што се наметнува потреба за проширување на регионалната соработка.

Претставниците од регионот расправаат за правните и полициските пракси во слуачите на тероризам и насилен екстремизам, за процедурите на класификација и декласификација на документите во судовите за ваквите случаи, како и за унапредување на соработката помеѓу полициските органи и правосудството, во прекуграничната борба против тероризмот.

Ден претходно, како што соопшти РСС, во Тирана се одржа 10-тиот состанок на експертскиот Форум на кој учествуваат шефовите на воено-разузнавачаките агенеции од Југоисточна Европа. Тие разговарале за безбедносната состојба во регионот и направиле проценка на податоците собирани од отворени извори, собрани во документот наречен „Предизвиците во кибернетичката безбедност – критична инфраструктура во Југоисточна Европа“.

Денешниот собир во Тирана го организираат албанската влада и Регионалниот совет за соработка – интервладино тело на земјите членки на Процесот за соработка во ЈиЕ, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија.

РСС тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.