Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќето напади во Шри Ланка ги извеле бомбаши-самоубијци

0
By Нова ТВ on April 21, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 21, 2019 20:55
Најмалку 200 лица загинаа, а 450 лица се повредени во бомбашките напади на три цркви и четири хотели на Шри Ланка, соопшти полицијата.

Седум лица се уапсени, а тројца полицајци се убиени за време на акцијата на безбедносните сили во куќа во престолнината на државата, неколку часа по серијата напади. Властите соопштија дека најголем дел од нападите биле извршени од бомбаши-самоубијци.

Владата прогласи полициски час во Коломбо и го блокираше пристапот до социјални мрежи и апликации за испраќање пораки како Фејсбук и WhatsApp. Не е познато кога овие мерки ќе бидат укинати, пренесува Хина.

-Севкупно, имаме информации од сите  болници за 207 смртни случаи. Според сегашните информации, во болниците се примени 450 повредени лица, изјави портпаролот на полицијата, Руван Гунасекера. Најмалку 27 од загинатите се странци.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите во земјата, која со децении, се до 2009 година, војуваше со талибанските сепаратисти. Бомбашките напади во главниот град за време на тој период беа чести. Локалните христијански групи истакнуваат дека во последниве години тие се соочуваат со повеќе заплашување од некои екстремни будистички монаси.

Десетици се убиени во една од експлозиите во католичката црква Св. Себастијан, северно од Коломба. Гунасекера изјави дека полицијата се сомнева дека е дело на бомбаш-самоубиец. На фотографиите од местото на настанот се гледаат тела на теренот, крв на црковните клупи и уништен покрив. Локалните медиуми пишуваат дека 25 лица загинале во нападот на евенгелистичката црква во Батијаколи во источната провинција.

Нападнати се и хотелите Шангри-Ла, Кингсбери, Синамон Гранд и Тропикал ин. Зесега не е познат точниот број на загинатите во хотелите. Болниците соопштија за 27 загинати странци, додека претставник на Министерството за надворешни работи на Шри Ланка информира за 35 странци кои го загубиле животот, меѓу кои од САД, Велика Британија, Холандија и Турција. Кинеските медиуми пренесуваат и дека меѓу жртвите има и еден Кинез

Осмата експлозија се случи во куќа во Коломбо.

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге го свика националниот совет за безбедност на состанок во својот дом.

„Силно ги осудувам денешните кукавички напади на нашите луѓе. Ги повикувам сите жители на Шри Ланка во овој трагичен момент да останат обединети и силни. Избегнувајте да ширите непотврдени извештаи и шекулации. Владата презема брзи чекори за да ја контролира оваа ситуација“, напиша тој на Твитер.

Претседателот Маитрипала Сирисена изјави дека им наредил на специјалните полициски сили и војската да истражат кој стои зад нападот и кои се мотивите. Војската е распоредена на улиците, а воениот портпарол нагласи дека е зголемена безбедноста и на меѓународниот аеродром во Коломбо.

Минатата година се судрија мнозинската заедница на синхалешки будисти и малцинските муслимани, а дел од екстремните будистички групи ги обвинија муслиманите дека ги форсираат луѓето да се преобратат во ислам.

Од вкупно 22 милиони жители на Шри Ланка, околу 70 отсто се од будистичка, 12,6 од хиндуистичка, 9,7 од муслиманска и 7,6 отсто од христијанска вероисповест. Во последниот извештај на Стејт департментот за човековите права на Шри Ланка се наведува дека некои христијански групи и цркви информирале за притисок да ги завршат молитвените средби поткако властите ги оквалификувале како „неодобрени собири“. Во извештајот се посочува дека будистичките монаси редовно се обидуваат да ги затворат светите места за христијаните и муслиманите

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.