Published: Wednesday, November 2, 2016 17:01
По примерот на Исланд, Французинките се повикани на 7 ноември да ги напуштат своите работи места во 16.34 часот за да покажат дека не се задоволни што нивниот труд е помалку платен од трудот на мажите.
Исланѓанките пред една недела ги напуштија работните места во 14.38 часот, час од кој нивниот труд е бесплатен споредено со платите на мажите.
Здружението Les Glorieuses на социјалните мрежи упати повик до сите Французинки да се придружат во борбата за еднаквост на платите помеѓу жените и мажите.
Датумот 7 ноември не беше случајно избран. Од тој ден па до крајот на годината Французинките работат бесплатно ако нивната плата за исто работно место се спореди со платите на мажите.




