Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повик за сите професионалци од креативниот сектор: Работни групи со предавачи од Британија на „Форум Скопје – Секторски консултации“

0
By Ана Василевска on November 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2024 16:49

Во понеделник, на 25. ноември, во 13 часот во Јавна соба (Public Room), ќе се одржи
„Форум Скопје – Секторски консултации“ – во организација на
Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на
македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ.

За време на Форумот ќе бидат споделени увиди од експерти од Велика
Британија, трендови и добри практики во однос на нивната креативна
економија, на што ќе следи фокусирана дискусија за издвојување на 10
приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци ќе
дискутираат со своите колеги на следниве теми:
• Градење нов идентитет преку големи културни настани;
• Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа);
• Образование за креативни кариери;
• Подобрување на условите за креативна продукција;
Се канат сите професионалци од Македонија да се приклучат и да дадат
придонес во работните групи во рамки на Форумот. Сите заинтересирани да се
регистрираат на овој линк: https://bit.ly/skopje-forum-apply-now

На „Форум Скопје – Секторски консултации“, учество ќе земат еминентни
дејци од оваа област во Британија, кои беа селектирани од страна на the
Beyond Conference, – водечка платформа за креативни индустрии.

Енди Брајдон e основач на меѓународната уметничка организација Curated
Place. Тој е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на
ниво на град, на регион и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен
културен стратег, директор на фестивали и големи настани, едукатор како и
уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија и
Шкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата
преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на
град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари.
Покрај него во Скопје доаѓа и Сузан Финеган, комерцијален директор на
секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент
на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа е дел од тимот
кој стои зад успехот на Ливерпул – град на културата во 2008 година и Ливерпул
– домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа
национални награди и признанија.

Северна Македонија
Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни
индустрии“, доаѓаат и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни
индустрии и дигитална патоказна стратегија – West Midlands Combined
Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и
вклучување на младите – London Legacy Development Corporation

Британски совет Јавна соба Креативни индустрии Министерство за култура и туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.