Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повисокиот стандард иницира повисоки трошоци

0
By Mirjana on July 27, 2021 ВЕСТИ
Photo: N. Makedonija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 27, 2021 14:14

По првото полугодие од годината, која главно поминува во знакот на вакцинацијата и борбата за стекнување на имунитет и оспособување на граѓаните но и на стопанството да продолжат натаму со колку-толку редовни активности, се прават првите анализи, до каде сме и што се случува со нашата економија. Дали стандардот на луѓето е опаднат или зголемен, дали стопанството успешно одолева и се справува со притисокот од Ковид-19 кризата?

Стапката на раст на бруто домашниот производ за првото тромесечје во оваа година изнесуваше -1.8 отсто. Во тој период единствено градежниот сектор покажува раст од 1.8 отсто, по што следи бизнисот со недвижности и незначително,земјоделието.Номинален пораст пак е забележан кај  увозот на стоки и услуги и тоа за 18,3 отсто.

Дали останатите квартали во годината ќе придонесат за промена на сликата од првиот?

Европската Комисија за годинава растот на БДП го проектира на 3,8 отсто додека за следната 2022 година на 3,5 отсто.

„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година“,стои во проекциите на Европската Комисија за Северна Македонија.

Person analyzing a financial dashboard with key performance indicators (KPI) and business intelligence (BI) charts with a business district cityscape in background

Основен параметар кој кажува до каде сме секако е, просечната исплатена нето плата заклучно со месец мај оваа година, која изнесува нешто повеќе од 28.000 денари. Од овие средства за храна и пијалоци граѓанинот би требало да издвои околу 40 отсто од своите примања. Само за споредба, пред десет години просечната плата изнесуваше околу 21.000 денари а и тогаш зафатот на средства на име храна и пијалоци изнесуваше нешто под 40 отсто.

Во меѓувреме, статистиката вели дека се зголемиле можностите за набавка на  телевизори, за купување на автомобили на кредит, имало повеќе пари за млеко, цигари, за месечен превоз, но и дека опаднала моќта кај купувањето на маслото за јадење за 21 отсто и скоро за 7 отсто кај купувањето на Еуросупер бензинот од  95 октани.

Шестмесечната анализа покажува дека 31 отсто од населението се сиромашни, од нив скоро 50 отсто главно се невработени лица и со основно образование, или лица кои имаат повеќечлено семејство.

Годинава возиме со поскап бензин и дизел. Стигнавме  до цената од 1 евро за дизелот и 1,17 евра за бензинот. Во регионот само граѓаните на Бугарија возат со слични цени како кај нас. За некои 0,25 центи повеќе, возат во Србија, Словенија и Унгарија, додека Грците имаат најскап бензин и тој изнесува 1,68 евра по литар, а Италијанците најскап дизел кој се продава за  1,53 евра за литар.

Во државава и натаму најголема е продажбата на нафтата и тоа на нафтата што ја користат транспортните возила. Од увезените 100 илјади тони нафтени деривати, 60 отсто се наменети за транспортот.

Што се однесува до градежништвото, во државава најмногу се градело во Скопје. Овој месец од 85-те предадени во употреба станови, 35 се во општина Сарај. Цените на метар квадратен станбена површина бележат раст. Најголем трошок во индивидуалната градба пак,покрај зголемените цени на градежните материјали за  4,5 отсто, бележи и ангажирањето на работна  сила со над 6,8 отсто.

М. Трпческа

прво полугодие Стандард трошоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.