Моќна експлозија за која надлежните веруваат дека е предизвикана од домашно направена бомба во саботата навечер повреди 29 луѓе во квартот Челзи на Менхтен, Њујорк.
Неколку часа подоцна, полицијата најде втора експлозивна направа четири блока подолу, која ја зголеми можноста двете бомби намерно да биле поставени во срцето на градот, пишува Њујорк Тајмс.
Градоначалникот Бил де Бласио ја нарече експлозијата „намерен акт“, но потоа додаде дека нема конекција со тероризам и никој засега не ја презема одговорноста за нападот.
Полицијата ја опиша втората бомба која ја пронашле како многу слична на онаа која е користена во нападот на маратонот во Бостон во 2013-та година.
Иако бомбата која експлодирала предизвикала значајни повреди кај луѓето кои се движеле на преполниот тротоар во централното подрачје на Њујорк, сепак од полицијата изјавуваат дека засега ниеден од повредените не во животна опасност.
Многу од повредите се предизвикани од шрапнелите од експлозијата, која наводно започнала во контејнер.




