Вчера околу 12:10 часот на автопатот на влез за Скопје, пред клучката Ченто се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во  незгодата со повреди се здобиле двајца полициски службеници, на кои им била укажана помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.