Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе денеска во Пекинг, соопштија кинеските власти.
Повредените ученици се префрлени во болница, а меѓу нив се и тројца кои се во тешка здравствена состојба, но не се животно загрозени.
Напаѓачот е уапсен, а инцидентот се случил во 11 часот по локално време. Кинеските медиуми наведуваат дека тој бил вооружен со нож, а очевидци тврдат дека имал и чекан в рака.
Директорот на училиштето им кажал на родителите дека осомничениот е незадоволен поранешен работник кој бил отпуштен, а работел како домаќин во училиштето.
Вчера во јужниот дел на Кина беше извршена егзекуција на мажот кој во јануари 2017 година повреди 12 деца во напад со нож во градинка.
Кин Пенган, земјоделец, избоде со нож за зеленчук деца во градинка, но ниту едно дете не им подлегна на поврeдите.
Локалниот суд во градот Пингџианг во јужната кинеска покраина Гуангџи го осуди Кин на смрт, а пресудата била изречена во петокот, откако ја одобрил Врховниот Народен суд на Кина, пренесува ЦЦТВ.
Насилни злосторства се реткост во Кина, но во последните години се регистрирани низа напади со ножеви и секири, од кои многу биле извршени врз деца.





