Хрватските медиуми утрово јавуваат дека е уапсен првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, заедно со уште четири други луѓе.
Според неофицијалните информации, меѓу приведените бил и неговиот брат Зоран, инаку тренер на Динамо, но и синот на Здравко, Марио Мамиќ, контроверзниот фудбалски агент, кој што има своја агенција која е задолжена да ги застапува скоро сите фудбалери на Динамо Загреб.
Според првите неофицијални информации, веројатно станува збор за финансиски малверзации, а наводно во целата истрага била вмешата и управата за јавни приходи.
Браќата Мамиќ на почетокот на јули беа уапсени на границата со Словенија, при обид да влезат во Хрватска, додека се враќаа од подготовките со екипата во Словенија, но беа пуштени после две недели.




