Во близина на Дубровник попладнето избувна пожар, а во акцијата за гаснење учествуваат четири канадери.

Јавната противпожарна служба на Дубровник соопшти дека пожарот избувнал над дубровничката населба Орашац и оти во гаснењето се ангажирани 29 пожарникари со десет возила, а хрватското Министерство за одбрана соопшти дека се ангажирани и четири канадери.