Published: Tuesday, April 14, 2015 11:02
Најмалку 26 лица загинаа, а повеќе од 1.000 се повредени во голем пожар што зафати 60 села и градови во сибирската република Хакасија, јавува новинската агенција МЕТА.
Уништени се повеќе од 1.400 куќи, а без покрив над глава останаа преку 6.000 лица.
Во гаснењето на пожарот учествувале 5.000 пожарникари, а итната спасувачка акција ја координирал претседателот Владимир Путин.
Се претпоставува дека до пожарот дошло поради неодговорно палење сува трева. Материјалната штета се проценува околу 94 милиони долари.




