Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожар во бегалскиот камп на Лезбос, побегнале околу 4.000 мигранти

0
By Нова ТВ on September 20, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 20, 2016 09:05

Голем пожар избувна синоќа во бегалскиот камп „Морија“ на грчкиот остров Лезбос во Егејското Море, соопшти претставник на локалната полиција.

Грчките медиуми јавија дека меѓу три и четири илајди мигранти побегнале од кампот, користејќи го хаосот што настанал за време на пожарот.

Засега нема информации за жртви, но се наведува дека целосно се уништени поголем број шатори во кои биле сместени мигрантите.

Гаснењето на пожарот и пристапот на противпожарните екипи во кампот бил отежнат поради тепачките кои избувнале меѓу мигранти од различни националности за време на инцидентот, Сепак по неколучасовни напори, пожарникарите во текот на ноќта успеале целосно да го изгаснат пожарот.

Причините за пожарот засега се непознати, но полицијата претпоставува дека најверојатно тој бил намерно предизвикан.

Весникот „Катимерини“ пишува дека пожарот избувнал за време на немири до кои дошло по вчерашните протести на мигрантите, предизвикани од неофицијалните гласини дека властите планираат наскоро да ги вратат во Турција.

На протестите на мигрантите им претходеше собир на локални жители на селото Морија, кои од властите побараа дислокација на бегалскиот камп од островот.

По овој собир и информациите дека ќе следи нивна екстрадиција во Турција, група од околу 300 мигранти го напуштиле кампот и се упатиле на протест кон селото Морија, ново тоа биле спречени од полицијата, кои ги принудила да се вратат назад.

Според „Катимерини“, додека мигрантите се враќале во кампот, пожар избуван во блиската плантажа со маслинови насади, кој потоа се проширил и на центарот во кој се сместени бегалците.

Според податоците на грчките власти, во време на избувнувањето на пожарот во кампот „Морија“ престојувале околу 5.650 бегалци и мигранти, иако објектот има капацитет за сместување на 3.500 лица.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.