Published: Saturday, January 31, 2015 10:14
Голем пожар доцна синоќа ја зафати библиотеката на Руската академија на науките, во која има повеќе од 14 милиони книги.
Руските медиуми јавуваат дека нема жртви од големиот пожар што избувна во 22 часот по московско време во познатата библиотека на Руската академија на науките.
Како што пренесува агенцијата РИА во пожарот биле зафатени 2000 метри квадратни, но се урнала половина од металната конструкција, со димензии од околу 1000 квадратни метри.
Причината за пожарот, засега е непозната, но руските медиуми јавуваат дека најверојатно пожарот го предизвикала неисправната електрична инсталација.
Библиотеката е основана во 1918 година и во неа се наоѓаат 14,2 милиони книги, научни дисертации и микро филмови.



