Осум лица загинаа во пожар во чешкиот град Брно, кој избувна синоќа околу два часот.
Чешката телевизија објави дека жртвите најверојатно се бездомници. Пожарот зафатил 12 контејнери на периферијата на станбен комплекс, пишува Ројтерс. Информацијата ја потврди полицијата на Твитер.
Причината за пожарот се истражува, пренесува АП.
Спасувачките служби изјавија дека не нашле повредени лица.
Брно е вториот по големина град во Чешка и се наоѓа на 200 километри југоисточно од Прага.