Published: Thursday, March 28, 2019 12:24
Најмалку седуммина загинаа, а над 20 луѓе се повредени во пожарот претпладнево во деловната зграда „ФР Кула“ во престолнината на Бангладеш, Дака, а се стравува дека голем број се се уште заглавени во 19 катната зграда.
Според очевидци, поголем број луѓе, барајќи спас од пожарот, скокале од високата деловна зграда.

За гаснење на огнот ангажирани се десет противпожарни возила, а во спасувачката операција вклучени се и воени хеликоптери, кои фрлаат вода врз зградата што гори, додека стотици луѓе, роднини и пријатели на вработените во паника се собраа пред зградата.
Минатиот месец во голем пожар во предградие на Дака загинаа 78 лица.




