Голем пожар избувнал во дом за стари лица во селото Ројак крај Варна. Според последните информации, девет лица загинале, соопштија од полицијата и противпожарната единица, пренесува бугарската телевизија НОВА.

По добивањето на сигналот околу 18 часот по локално време на местото веднаш биле испратени пет противпожарни и спасувачки екипи. Извршена е итна евакуација на стари лица кои живееле во домот.

„Повредените се на сигурно во еден агол од дворот – за нив се грижат вработените во домот и луѓе од општината. Итната помош потврдила дека девет лица загинале. Причината за пожарот не е јасна“, изјавил за НОВА директорот на противпожарната единица во Варна, комесарот Тихомир Тотев.

Според првичните податоци пожарот избувнал од покривната конструкција на зградата и го зафатил третиот кат.