Published: Monday, April 15, 2019 19:29
Облаци од чад се креваат од грандиозната градба во центарот на Париз. Се уште не се познати причините како настанал пожарот во Богородичната црква.
Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.
Horrible #NotreDame pic.twitter.com/BndHQRO1b5
— Solveig Godeluck (@Solwii) April 15, 2019
Во моментов пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Неофицијално пожарот настанал како последица на зафати за реновирање.
Минатата година, католичката црква во Франција имаше апел за собирање средства за спас на катедралата, која се чини дека почнува да пропаѓа.





