Синоќа околу 20.15 часот избувна пожар на повеќе бродови во пристаништето Каштел Гомилица кај Сплит во Хрватска. Пожарот избувнал на јахта од 15 метри, по што се проширил на околните бродови и пет јахти биле целосно уништени, јавуваат хрватските медиуми.
Локалните пожарникари дежурале на жариштето цела ноќ, а со доаѓањето на утрото, работата сè уште не била завршена затоа што, како што пишува Дневник.хр, пожарот на јахтите не бил целосно изгаснат.
„Ќе потрае, бидејќи гореше голема количина материјал. Постојано гасиме, на некои места сè уште тивко гори. Неколку цистерни се активни и сè треба да се затвори до пладне – изјавиле од Доброволната противпожарна бригада.