Четириесет и осум рудари се останати заробени под земја по пожар во рудникот за јаглен во руската област Кемерово во Сибир, соопшти денеска регионалниот истражен комитет.

– Според прелиминарните податоци, голем број работници се затруени од чад, а во моментов се утврдува и  бројот на жртвите во инцидентот, се наведува во соопштението на Комитетот.

Како што се наведува, од рудникот се извлечени вкупно 237 лица, а 45 се повредени, додека 48 рудари сѐ уште се во рудникот. Соопштено е и дека засега не се знае точно каде се заробените рудари, ниту пак причината за несреќата.

Според тој извор, на местото на несреќата се испратени 11 специјализирани спасувачки екипи, а на пат се уште неколку, а полетал и хеликоптер со медицински персонал.