Published: Sunday, August 14, 2016 18:39
Огромен пожар избувна во центар за бегалци во централна Германија, при што 19 луѓе се повредени, соопштија локалните медиуми.
Дваесет бараки за престој се зафатени од пламенот, а од видеото поставено на јутјуб се гледа како се издигнува густ црн чад.
Центарот е сместен во близина на малиот мешународен аеродром кај градот Касел.
Во бараките зафатени од пожарот живеат 120 од вкупно 800 азиланти. Најголем број од повредените се од задушување со чад.
Полицијата ја отфрли можноста дека се работи за подметнат пожар, додавајќи дека пожарот започнал во центарот.




