Црна Гора од синоќа се соочува со разорни шумски пожари на повеќе локации. Најкритична точка е помеѓу Буљарица и Чањ.
@niksic.today Ponovo aktivan požar između Buljarice i Čanja. #niksictoday #pozar #vatrogasci #buljarice #canj #crnagora #montenegro ♬ original sound – niksic.today
Огнената стихија е и кај Подгорица, Будва, Бар, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље.
Никола Бојановиќ, командант на Службата за заштита на Подгорица, за РТЦГ изјави дека досега ниту еден објект не изгорел, но дека ситуацијата е влошена од постојаниот ветер.
Синоќа беше драматично во Пипери и Рогами, каде што пожарот ги зафати куќите, а неколку семејства беа евакуирани. Нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета.
Утрово граѓаните испратија и снимки од густ чад кој се гледа од плажата во Петровац.
View this post on Instagram
На терен беа ангажирани локалните служби за заштита и спасување, единици од други општини, воздушно-хеликоптерската единица на МВР, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, повеќенаменски роботизиран систем за гаснење пожари, како и Војската на Црна Гора со своите воздухоплови.
Поради силниот ветер, високите температури и сложената ситуација, полицијата наведува дека капацитетите на Црна Гора не се доволни за целосно контролирање на пожарот, па затоа вчера беше активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ .