Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожарите се под контрола, активни само уште три

0
By Sashko on August 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состојбата со пожарите на отворен простор полека се става под контрола, а од Центарот за управување со кризи (ЦУК) порачуваат дека човечкиот фактор е најчеста причина за нивно избувнување, било да станува збор за намерно или ненамерно потпалување. Во моментот се активни само три од вкупно 106-те поголеми шумски пожари од кои најлош беше оној во Малешевијата кај Берово, Пехчево и Делчево што е успешно изгаснат.

Од ЦУК за рано утринава најавија дека ќе преземат активности за локализирање на пожарот над село Безгаштево меѓу Берово и Струмица што се реактивираше вчера попладне на тешко пристапен терен. Токму тоа беше причината што вчера веднаш не се интервенираше, бидејќи, како што посочија од ЦУК, на екипите им требаат три часа за да стигнат до местото на пожарот.

Еден македонски и еден црногорски хеликоптер вчера попладне го гаснеа пожарот во Општина Сарај кај селата Раовиќ и Буковиќ иако веќе е локализиран во делот на селото Раовиќ. Во интервенцијата од воздух, на потегот село Буковиќ, село Чајлане кон Матка, беа ангажирани 26 луѓе од Воздухопловниот винг со еден македонски армиски хеликоптер и еден хеликоптер на Црна Гора.

Активен пожар, но со слаб интензитет, има во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп. Пожарот е приземен на непристапен терен и гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, но според ЦУК не постои опасност за проширување.

Веќе е ставен под контрола пожарот во атарот на демиркапиското село Барово иако во внатрешноста на опожареното подрачје сè уште постојат поедини места каде што се забележува чадење.

За превенција и откривање на сторителите и спречување на подметнување на пожари на отворен простор, МВР засилено настапува на терен и има ангажирано преку 600 полициски службеници. Досега во гасењето на пожарите учествуваа полициски службеници од специјалните единици, а беше ангажиран и хеликоптер на МВР.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера информира дека досега се изгорени десетина објекти, пред сè, стари куќи и придружни објекти, како што се штали, плевни и слично и изгорен е покрив на куќа во Кочани.

Општините формираа комисии кои детално ќе ја утврдат штетата и граѓаните ќе бидат праведно обесштетени. Воедно и Владата е овде ако има некаде поголема штета да ја надомести. Но, во овој момент слободно можеме да констатираме дека штетите во населените места, во селата и градовите се навистина мали имајќи го во предвид обемот на пожарите кои ја зафатија државата, рече Ангелов.

Според него, свесноста на граѓаните е на многу повисоко ниво, односно тие значително повеќе внимаваат и не се појавуваат често како ненамерен фактор за појава на пожари.

„Со овие активности беше подигната и целосна забрана за движење во шуми, мерка која помогна за намалување на бројот на пожарите и која овие денови ја разгледуваме и доколку е стабилна состојбата ќе побараме од страна на Национални шуми да биде тргната или намалена, односно движењето низ шуми да биде само со дозвола“, информира вчера Ангелов.

Македонија пожари ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.