Територијалната противпожарна Единица (ТППЕ) на Град Скопје во текот на новогодишната ноќ имала осум интервенции кои успешно се завршени. Од ТППЕ изјавија дека нивните дежурни екипи интервенирале во гаснењето на пожар во дуќан, тераса, штала, итн. Причинета е материјална штета, а само во еден случај има повредено лице.

Според Фејсбук објавата на Пожарна Скопје, во 23 часот бил предизвикан пожар од употреба на пиротехнички ракети на тераса на улица „Крсте Мисирков“ зад „26 Јули“ на Бит Пазар пришто е спасен сопственикот на станот. Повредениот бил пронајден во безсознание и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во една од скопските клиники.