Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Позитивен „бран“ во морето ксенофобичност за бегалците на социјалните мрежи

0
By Mirjana on August 20, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 13:04

ФБ-пост на Васко Лазаревски-член на Совет на Град Скопје

Бегалците се секогаш цел на ксенофобични напади и ситни монети за политички препукувања и во земјите од каде бегаат и во земјите каде што ќе најдат (привремено) засолниште. Преку нив се мобилизираат сите десничарски, авторитарни и националистички сили кои ќе трубат како „нечистите“ странци ќе донесат кај нас само беда, болести, криминал и тероризам. Нивната мака станува платформа за промоција на локални политички агенди кои опортунистички поентираат на неа. Целосно нечовечки и без грам емпатија кон човечките битија во опасност…пишува во својата објава на Фејсбук Васко Лазаревски, која ја пренесуваме во целост, поради хуманост и емпатија за луѓето во невоља, како што се бегалците.   

За авганистанските луѓе во неволја, хуманитарци, новинари, преведувачи, прогресивни луѓе и демократи, за кои нема веќе место во нивната татковина

Среде оваа ксенофобична кампања која започнува околу давањето засолниште на бегалци од Афганистан, луѓе кои премногу предолго биле на првата линија на борбата против реакцинерното, ултра-конзервативно и крајно сурово движење Талибан, чувствувам лична обврска да застанам против таа и таква кампања и да изразам целосна поддршка на бегалците.

Во исклучително тешки и опасни услови овие луѓе се бореле нивната татковина да усвои демократски, слободарски, секуларни вредности. Се бореле за правата на жените, за правата на маргинилизираните, на малубројните, на оние во опасност. Застапувале граѓанско општество и слобода на говор, работеле за Обединетите нации, за невладини организации, образувале генерации, биле новинари, биле демократи.

Освен овие луѓе, доаѓаат и нивните семејства. Доаѓаат оние кои, ако останат во Авганистан, ќе бидат убиени, оние кои ќе бидат присилно омажени, оние кои ќе немаат како да се прехранат, оние кои немаат повеќе живот во родната земја.

Доаѓаат луѓе кои ја одбрале прогресивната и демократска страна во нивното општество и кои сега зависат од нашата прогресивност и демократичност, но најмногу од нашата солидарност. Солидарност е збор кој многу често го користиме и вредност на која уште почесто се повикуваме. А, сега е момент и практично, реално да покажеме како се практикува солидарноста, како се подава рака и кога некој кој не ни е близок (географски) има мака.

Бегалците се секогаш цел на ксенофобични напади и ситни монети за политички препукувања и во земјите од каде бегаат и во земјите каде што ќе најдат (привремено) засолниште. Преку нив се мобилизираат сите десничарски, авторитарни и националистички сили кои ќе трубат како „нечистите“ странци ќе донесат кај нас само беда, болести, криминал и тероризам. Нивната мака станува платформа за промоција на локални политички агенди кои опортунистички поентираат на неа. Целосно нечовечки и без грам емпатија кон човечките битија во опасност.

Затоа, оваа мобилизација на ксенофобичната десница не смее да биде единствената присутна. Мора да се чуе и гласот на прогресивните, солидарни граѓани, гласот на сите алтруисти кои освен за себе, покажуваат грижа и за останатите човечки битија во неволја.

За крај, еве листа од неколку бегалци (малкумина од многуте) кои оставиле трага и во земјата во која нашле засолниште, а и во светот во целина:

  • Алберт Ајнштајн –најголемата научна ѕвезда во светот, Нобеловец, бегалец.
  • Хана Арент – теоретичарка на политички науки, препознаена како една од најбитните политички мислители на дваесеттиот век, бегалка
  • Фреди Меркјури – веројатно најголемата музичка ѕвезда во светот, бегалец.
  • Сигмунд Фројд –Татко на психоанализата, бегалец.
  • Иман, музата на Џани Версаче, Келвин Клајн, Дона Каран, љубовта на Дејвид Боуви, бегалка.
  • Далај Лама, духовен (и световен) водач на Тибетанците, поборник на мирно разрешување на конфликти и ненасилство, Нобеловец, бегалец.
  • Десетици илјади деца – бегалци од Граѓанската војна во Грција

Авганистан бегалци фб објава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.