Европскиот првак во пливање на 400 метри мешано, Русинот Иља Бородин (18), ќе ги пропушти Олимписките игри (ОИ) во Токио поради позитивен тест на коронавирус. Тој бил позитивен на тестирањето во тренинг кампот во Владивосток во пресрет на заминување за Токио.
– Бородин беше позитивен на ковид-19, што значи дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио, соопшти Руската пливачка федерација.
Во соопштението се додава дека сите други пливачи и тренерскиот персонал се негативни на коронавирус.
Бородин на ланското Европско првенство во Будимпешта го освои златниот медал во трката на 400 метри мешано со време од 4:10:02 минути што е светски јуниорски и нов национален рекорд.