Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Познат идентитетот на жртвите во тешката сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

0
By Marija Todorovska on February 15, 2024 ВЕСТИ
Архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 15, 2024 09:56

Двесет и четири годишната Н.П од Скопје сопатничка во возилото „сеат ибица“ со скопски регистерски таблички и 52 годишниот Г.А од Кочани, сопатник во автомобилот „голф“ со кочански регистерски таблички, се жртвите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на експресниот пат Штип- Кочани во атарот на селото Жиганци, соопшти денеска портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Според информациите на СВР-Штип, во тешката сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила „голф“ со кочански, „ситроен“ со винички и „сеат ибица“ со скопски регистерски таблички повредени се пет лица. МИА вчера информираше дека по првичната хоспитализација во кочанската Општа болница, пет пациенти се транспортирани во штипската Клиничка болница, од кои тројца беа на иследување во овој регионален центар, а двајца поради сериозноста на повредите беа транспортирани во Ургентниот центар во Скопје.

Обвинителство синоќа излезе и со соопштение веднаш по завршување на истрагата на лице место од страна на обвинителот од ОЈО-Кочани.

– Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, се вели во вчерашното соопштение од обвинителството.

Експресниот пат Штип-Кочани за сообраќај беше пуштен синоќа во 19.30 часот.

жртви тешка сообраќајна несреќа ургенетен центар Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.