Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Познати имињата на 42 судии судии и 10 обвинители кои денес мораа да заминат во пензија

0
By Соња Крамарска on July 1, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Многу судиски кабинети остануваат празни
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители со над 62 или 64 години возраст, од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република Северна Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија.

Собранието вчера не ги изгласа измените на Законот за работни односи со кои работниот век на судиите и јавните обвинители ќе им беше продолжен за 3 години, а токму вчера беше последниот рок за гласањето, кое не стигна до пленарната седница поради интерпелацијата за собранискиот спикер, Талат Џафери.

Судскиот совет на денешната седница донесе и решенија со кои се ставаат вон сила решенијата за продолжување на мандатот на судиите. Во новите решенија се констатира престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија. Во пензија заминуваат следните судии: Петкана Јадровска од Апелациски суд Битола, Зоран Теофиловски Апелациски суд Гостивар, Јованка Никодиновска Апелациски суд Скопје, Корнелија Давчева Апелациски суд Штип, Лидија Каначковиќ Виш Управен суд, Фани Илиевска Виш Управен суд, Владанка Панчурова Сулејманова Виш Управен суд, Загорка Тноковска Виш Управен суд, Лидија Мартинова Врховен суд, Снежана Бајлозова Врховен суд, Киро Здравев Врховен суд, Мирјана Николоска Калчиноска Основен граѓански суд Скопје, Нухи Рустеми Основен граѓански суд Скопје, Лилјана Зафировска Петреска Основен граѓански суд Скопје, Татјана Поповска Николовска Основен граѓански суд Скопје, Радмила Карановиќ Основен граѓански суд Скопје, Сулејман Мемети, Станка Везенковска, Драган Николовски, Вангелина Маркудова и Добрила Кацарска сите од Основен Кривичен суд Скопје, Миле Димовски, Љупчо Савевски и Гоче Малиновски од Основен суд Битола и Демир Хисар, Ленче Делипетровска Атанасовска Основен суд Кавадарци, Лидија Андреска Основен суд Крушево, Весна Јовановска Основен суд Куманово, Ордан Митревски, Роса Станоеска и Доста Лукароска од Основен суд Прилеп, Андон Атанасов Основен суд Радовиш, Ади Усеини и Ѓетан Кадриески од Основен суд Струга, Лидија Аризанова, Ѓорѓи Маневски, и Илија Стојанов од Основен суд Струмица, Томислав Бошковски, Шемседин Јусуфи, Драган Геровски и Амди Мифтари од Основен суд Тетово, и Лидија Санева и Ленче Манева од Основен суд Штип и Пробиштип.

Во изјава за МИА од Судскиот Совет велат дека со ова се испразнуваат местата а претседателите на судовите се должни да ги пополнат.

Од Советот за јавни обвинители, пак, велат дека станува збор за 10 обвинители чии предмети ќе бидат дополнително распоредени. Во пензија одат обвинителите:  Мери Тромбева јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Елизабета Ристеска јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Сулејман Алијевски јавен обвинител во ОЈО Битола, Снежана Зафирова јавен обвинител во ОЈО Кочани, Елица Илиевска јавен обвинител во ОЈО Скопје, Гордана Смаќоска јавен обвинител во ОЈО ГОКК, Жулиета Карова Бошевска јавен обвинител во ОЈО Битола, Милка Спиркоска јавен обвинител на ОЈО Прилеп, Имран Османи јавен обвинител во ОЈО Скопје и Јован Илиевски јавен обвинител во Јавното обвинителство на РСМ, стои во соопштението од СЈОРМ.

Дополнително, на истата седница е донесена и одлука за назначување на јавниот обвинител Пецо Везироски за ВД јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, како и на јавниот обвинител Марјана Илиеска за ВД јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Прилеп.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, вчера изјави дека престанокот на работниот однос на судиите и јавните обвинители може да доведе до сериозни последици.

„Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работни односи, на 60-тина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот век. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи дека голем дел од постапките ќе треба да почнат одново. Да не заборавиме, не се работи за една или за две постапки, кога се менува судијата во постапката, тогаш процесот започнува одново. Тоа е првата работа. Тука се разбира како Дамоклов меч ни виси и институтот на застареност, дел од постапките кои се во тек, или кои што се движат може да имаат одредена застареност во однос на нивниот правен епилог“, рече Тупанчески.

Од Здружение на судска администрација на Република Северна Македонија реагираат на односот на надлежните државни органи кои, како што наведуваат во нивната реакција „во минута до дванаесет се обидоа да надминат проблем кој не е ниту нов, ниту беше непредвидлив со оглед на тоа што бројот и возраста на судиите им беа познати факти и нема простор за „изненаденост“ од новонастанатата состојба“.

„Голем број на судски предмети ќе мора да почнат одново со опасност да настапи нивна застареност, временски бавните судски постапки уште повеќе ќе се одолговлекуваат со оглед на намалениот број на судии во многу судови. Како врв на сето тоа ќе има суд или судови кои ќе останат и без судии доколку во нив не бидат времено упатени судии од други судови“, стои во нивната реакција.

Посочуваат дека уште при јавната расправа по Предлог-Законот за Академија за судии и јавни обвинители која се одржала на 04.10.2019 година во Собранието на Република Северна Македонија во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, истакнале сериозна забелешка што со предлог-законот воопшто не е направен обид да се искористи потенцијалот на стручните судски службеници со повеќегодишно професионално искуство во судовите.

„Кога веќе се овозможува пристап до почетна обука на лица со двегодишно работно искуство на правни работи по полагање на правосудниот испит, неразбирливо е од кои причини е изоставен и не е олеснет пристапот до почетна обука на судскиот кадар кој професионално ги извршува своите работни задачи како судски соработник или советник повеќе години низ сите судски оддели во судовите, велат од Здружението на судска администрација. (Р.Н.)

Пензија Совет на јавни обвинители судии и обвинители Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.