Познатиот српски комичар и политички коментатор Зоран Кесиќ вечерва ќе настапи пред скопската публика во салата на Македонска Филхрамонија.
Зоран Кесиќ е автор на популарните хумористични емисии „Озбиљне вести“, „Дезинформатор“, „Фајронт република“ и на политичката сатира и воедно најгледаната забавна емисија во Србија „24 минути“. „24 минути“ е една од ретките политички сатири што се прикажуваат на телевизија, кои се занимаваат со дневните настани во регионот.
Во целовечерната изведба пред скопјани тој ќе разговара и пее за безброј разновидни теми од политика до медитација.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.