Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина
Босна и Херцеговина со задоцнување доби проблем со кој веќе се соочија многу земји, а тоа е приливот на бегалци. Поточно, најкористениот назив за бегалците е мигранти. Имено, постои толкување според кое со поимот бегалци подразбираме луѓе кои поради воени судири се протерани од својата држава, тие луѓе уживаат заштита од меѓународното право, додека поимот мигранти се однесува на лица кои се одлучиле да се преселат во некоја друга држава поради желба за подобар живот.
Од медиумски агол, Ал џезеира го преферираше изразот бегалци како похуман, посензитивен јазик, водејќи сметка дека со самото известување се влијае и на перцепцијата на домашното население. Меѓутоа, откако се појавија наоди дека меѓу мигрантите во БиХ не се само оние кои бегаат од војна, туку и избегани од сиромаштијата од Африка и Авганистан, ги користат двата термини.
Во практиката и тоа се покажа како двосмислено. Да се известува генерално така е невозможно бидејќи не може да се подели заедница на две групи. Исто така, таа јазична поделба може да оди на штета еднакво на унесреќените луѓе кои делат ист проблем со (не)снаоѓање во Босна и Херцеговина.
Горана Млинаревиќ, правничка по меѓународно право, смета:
– Статусот бегалци не е врзан со војна туку со прогон (а прогон е многу широка правна категорија и причините за прогон може да бидат различни), со самото тоа, генерализацијата и паушалното наведување на причини зошто некои луѓе се тука каде што се, во најмала рака спаѓа во домен на клевета.
Како што бројот на бегалци се зголемуваше, така и паниката се ширеше меѓу населението на Сараево, во што помогнаа и многу новинари. Така, во Аваз, најчитаниот печатен медиум во БиХ, па и меѓу најчитаните електронски медиуми, се појавија неколку ксенофобични текстови.
Александар Брезар, новинар кој се занимава со оваа тема и наведените текстови, во сето тоа гледа и еден подлабок одраз на логиката на капитализмот, наведувајќи дека покрај стравот и ксенофобијата, во мигрантите не се гледа многу економска корист. Незаштитени, без адвокат и медиумски глас, за нив може да се зборува без страв од правосудно гонење.
– И овде лежи клучот на нашиот проблем, поради вистината и образот, крајно нехуман однос кон бегалците и имигрантите, за кои пишуваме како да се работи за наезда на скакулци или змии, или во најдобар случај временска непогода: сеприсутна капиталистичко-интересна логика по која секој гост е мил, без разлика на вера, боја и нација, доколку дојде со својот автомобил, плати гориво, руча…
Со прашањето за бегалците, многу исцрпно се занимаваше и Н1 телевизија, известувајќи за тоа и канејќи гости во своето студио. Еден од нив беше и Ибрахим Хаџибајриќ, градоначалник на општината Стари Град во Сараево, во која се наоѓаше импровизиран камп во близина на Вијечнице. Тој во својот настап изнесе низа неосновани тврдење за криминал меѓу бегалците, што полициските органи ги демантираа. Поради се кажано, со отворено писмо му се обрати Минел Абаз, активист, политолог и новинар прозивајќи го за ширење расизам.
– Како можете да изјавите дека бегалската криза е наместена, дека бегалците кои доаѓале во Босна и Херцеговина не се прави бегалци, и дека тоа се луѓе кои во голем дел се од другата страна на законот? –
Дали е можно да не знаете дека во Сирија беснее војна веќе седум години, дека стотици илјади лууѓе остануваат без домови, дека се приморани да бегаат илјадници километри како би нашле прибежиште и сигурен дом за себе и своите семејства?
Кој сте вие да судите кои се, а кои не се, вистински бегалци? Кои се вистински бегалци, а кои не се, како ги дефинирате, распознавате?
Од каде знаете дека биле од онаа страна на законот? Дали можеби сте разговарале со нив во паркот под Вијечнице, па овие информации сте ги дознале од разговорите, од прва рака?
За жал, водителката не го запре и не ги постави овие прашања кои ги постави Абаз. Меѓутоа, Н1 до крајот најхумано известуваше за бегалците, покажувајќи дека тоа бил само кикс. При тоа го задржаа високото ниво на објективност и професионалност давајќи прилика за првпат да зборуваат и самите бегалци, полициските органи, аналитичари и политичари од повеќе нивоа.
Нивното известување значајно допринесе за похумана перцепција на бегалците во јавноста и уште еднаш потсети на одговорноста на медиумите за работата со која се бават и преку која можат да влијаат на човечки судбини.
“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.




