Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратеник кој три дена е отсутен ќе се казни со 280 денари, а со нула денари оној што се потпишал, а не е во салата

0
By НОВА ТВ Balaban on July 28, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 28, 2022 14:49

Доколку ученик не се појави на час, му следува неоправдан, студентот кој нема да дојде на три вежби, не добива потпис и не може да завери семестар. Вработен кој три дена не доаѓа на работа и не го оправда отсуството со лекарска белешка или друго, добива отказ… А дали и која мерка важи за пратениците во македонското Собрание коишто не се појавуваат на седници, иако се запишале како присутни во законодавниот дом?

Ниту завчера пратениците на пленарна седница не гласаа по точките од дневниот ред. Претходниот ден немаше кворум, а завчера немаше мнозинство. Денеска, пак, иако беа популарните пратенички прашања на кои опозицијата ги лови министрите и премиерот, во еден момент имаше само еден опозициски пратеник,  потоа и ниеден.

Нема одземање дневница, туку на пратеникот му се одбива само 5 отсто за неоправдано отсуство

На пратениците не може да им се одбие дневница, туку, според Деловникот, на пратеникот кој отсуствува најмалку трипати едноподруго од седниците на Собранието, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, му се одбива 5 отсто од платата за секој ден отсуство, за што акт донесува Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Според Правилникот од Законот за плати на пратеници и други избрани функционери, основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоци на ДЗС.

Коефициентите за утврдување на надоместоците на плата и на плата изнесуваат од 2,20 до 4,50. Па, за пратеник коефициентот е 3,5, додека  за претседател на Комисија е 3,7 и тој коефициент се множи со просечната плата. Лани во мај просечната плата изнесувала 28.721 денари, а годинава 31.407 денари.

Според оваа математика, произлегува дека месечната плата на пратеник изнесува околу 100.524 денари, а дека определената казна од 5 отсто за секој ден отсуство, изнесува околу 280 денари дневно! Со таа сума ќе биде „удрен по џебот“ народниот избраник кој по овој основ ќе го прекрши Деловникот.

Собранискиот спикер, Талат Џафери, кој се закани дека ќе побара и распуштање на Собранието, доколку продолжи праксата пратениците да не се појавуваат на седници, на денешниот брифинг  најави и донесување нов Деловник. Џафери притоа изрази надеж дека пратениците ќе бидат повеќе посветени на работата со новите правила и дека ќе мора и да присуствуваат на седница, штом стават потпис дека се присутни, а не да ги земаат патните трошоци и да си заминат.

– Никаде во светот пратеник не се регистрира на автомат кога доаѓа на работа. Тој е избран од граѓаните и се смета дека треба да работи со највисока свест! Деловникот вели пратеникот да се потпише пред сала и списокот е таму до 16 часот. Пратениците треба да си ја заработат платата и да бидат во салата. Владејачкото мнозинство не се заробеници, па цел ден да бидат на седница. Обврска на сите пратеници, и на опозицијата, е да присуствуваат на седница, рече Џафери.

Чувство за лична одговорност и грижа на совест

Во врска со тоа дали и колку пратеници досега, од овој пратенички состав, се казнети за неприсуство на седница, (оние пратеници кои се запишале како присутни, а не се појавиле на седница) од Собранието за НоваТВ изјавуваат дека „пратениците не земаат дневници за присуство на седници, а во работен однос се во Собранието додека им трае мандатот“.

Во случаи како овие од претходните денови, пратениците при влез во пленарна сала да се потпишуваат своерачно дека се присутни, но потоа не влегуваат во сала и не учествуваат во работата за којашто се платени, според Деловникот, не е определена никаква мерка?!

– Останува само чувството за лична одговорност и евентуално, грижа на совест на пратениците, велат од кабинетот на Претседателот на Собранието, Џафери.

Од ова прозлегува дека нема доволно механизми за гаранција на непречена работа на Парламентот. Додека за мерката кога три дена се неоправдано отсутни, досега имало такви случаи пратеник да биде казнет со пет отсто, но тие се малубројни, потврдуваат од Собранието.

На пример, на сега веќе покојниот Арбен Џафери му беше одземен пратеничкиот мандат бидејќи шест месеци не присуствувал  на седници на Собранието, но потоа на избори тој повторно го доби мандатот.

Пратениците имаат права и должности да присуствуваат на седници  

Според Деловникот, како што појаснуваат од Собранието, пратениците имаат  права и должности да присуствуваат на седници на Собранието, и да учествуваат во работата и во одлучувањето.

„Пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието до почетокот на седницата. Претседателот на Собранието го повикува и го информира пратеникот кој трипати едноподруго не присуствувал на седниците, а не го известил претседателот на Собранието за своето отсуство.
За секое натамошно неоправдано отсуство, претседателот на
Собранието го опоменува пратеникот и за тоа ја известува Комисијата за прашања на изборите и именувањата и координаторот на пратеничката група.
За присуство на пратениците на седниците се води евидентен лист што е отворен во текот на одржување на седницата, а на крајот од работниот ден се предава на претседателот на Собранието.
Право на патни и дневни трошоци имаат само пратениците кои се
запишале во евидентниот лист“. Така вели Деловникот, но во пракса работите се сосема поинакви.

Ацески: Ако решиле да не присуствуваат на седница, да им се одземе  дел од платата

Социологот, проф. д-р Илија Ацески, дури, не може да поверува дека пратениците се толку несовесни и неодговорни.

– Таа партиска пресметка, која е надвор од нормално однесување за пратеник, води несомнено во анархија. Дали е до тој степен изразена  неодговорноста – пратеник доаѓа, се потпишува и си оди, а зема патни трошоци, не можам да поверувам! А ако е така, тоа е загрижувачки и застрашувачки, но е и порака до електоратот кој го избира човекот (пратеникот) на највисока позиција да носи закони, а тој потоа ја  злоупотребува довербата и се однесува неодговорно, оценува социологот, вели тој.

Еден од клучните моменти, според него, е отсуство на правила и одредби кои таквото однесување го регулираат на ефикасен начин.

– Ако решиле да не присуствуваат на седница, треба да им се одземе барем дел од платата. Не постои друг начин. Не доаѓаш на седница – минус 40 отсто од платата, па повелете и следниот пат не доаѓајте! Нема друг механизам – вие правете партиски интерес, ама ќе ве удриме по џебот! Во суштина, и во западните демократии е со вакви методи дојдено до воспоставување ред, смета социологот Ацески.

Љубица Балабан

 

деловник отсуство пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
ФОКУС
January 8, 2026

Париз: Франција ќе го спасува Гренланд од Трамп

ВЕСТИ January 8, 2026

Белата куќа вчера соопшти дека Трамп разговара за опции за стекнување на Гренланд, вклучително и…

Вашингтон: Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни групи и организации

January 8, 2026

Минеаполис: Во анти миграциска акција брутално убиена мајка на три деца – избувнаа протести

January 8, 2026

Трамп: Се сомневам дека НАТО би бил тука за нас ако ни треба, но Америка секогаш ќе биде тука за НАТО

January 7, 2026
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.