Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратеникот Павле Богоевски поднесе оставка

0
By Нова ТВ on May 23, 2019 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Павле Богоевски денеска поднесе оставка од функцијата пратеник, поради аудио-снимката која се појави на социјалните мрежи, каде се слуша како тој нарачува нелегална супстанца, за која тврди дека се работело за масло од канабис.

Оставката ја објави на почетокот на  седницата на Комисијата за мандатни и имунитетни прашања, со која претседава и рече дека ја поднесува од морални и етички причини.

– Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов веднаш по скандалот во моментите кога се самопријавував во полиција. Фактот е дека без разлика на причините за набавката на маслото од канабис за мое блиско лице и на никој од вас не ви ги посакувам тие причини, јас сторив незаконски акт. Тоа е првата работа. Втората работа, мојата пратеничка функција за жал може да се перцепира дека ќе влијае врз постапката што органите ја водат за мене за илегалното снимање, но и против мене за набавката од канабис, односно постапката што јас ја иницирав. Не би сакал мојата функција да влијае врз правосудните органи. И уште еднаш ќе ја искористам оваа прилика да ги повикам органите на проганот целосно да го истражат настанот за мојата одговорност, но и за одговорноста на тие што противправно снимале и објавиле, рече Богоевски.

Причината што одлуката ја соопштува сега, а не веднаш по откривањето на случајот, како што посочи е од две големи причини.

– Прво мене ми беше многу значајно да учествувам до крај на процесот на реформите на разузнавачките служби, а второ оваа седница е причината зошто не соопштив веднаш. Чекав цела јавност да види колку далеку ќе отидете во вашата дрскост и да видат дека станува збор за хајка и за мерки и активности насочени кон заштита на вашиот премиер во бегство Никола Груевски. Повеќе не е прашањето дали Павле Богоевски има легитимитет да ја води комисијата која ќе му го одземе мандатот на Никола Груевски, ниту пак дали Павле Богоевски треба да продолжи да биде пратеник. Сега е прашањето дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат барем трошка од етиката и моралот со кој дрско се расфрлаа овие две недели и дали ќе го заштитат криминалецот во бегство Никола Груевски или ќе му го одземат мандатот, бидејќи да не се лажеме, ако во Собранието нема место за човек кој прекршил закон за да купи масло од канабис за свое блиско болно лице сигурно нема место за пратеник кој парите на граѓаните да плати хотел додека е во бегство од македонската правда, рече Богоевски.

Ваквиот чекор на Богоевски следува по реакциите во јавноста за објавената аудио снимка со негов разговор.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека тоа е храбра одлука и во функција на понесување  одговорност за етички работи за кои граѓаните очекуваат политичарите да повлечат чекор во таа насока.

Седницата што денеска требаше да се одржи, а на која на дневен ред е предлогот за одземање пратенички мандат на Груевски, Богоевски ја прекина и таа дополнително ќе биде закажана.

 

Богоевски пратеник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.