Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ја почнаа расправата за ребалансот на буџетот

0
By Biljana on July 22, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците попладнево ја почнаа расправата по ребалансот на буџетот во второ читање предложен од Владата и Министерството за финансии. Расправата ја отвори пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој обвини дека прекројувањето на јавната каса дополнително ќе ја задолжи државата и ќе ги осиромаши граѓаните. Според него, буџетот од 4,37 милијарди евра, со кој дефицитот ќе се покажи за 180 милиони евра, не е развоен, а во него нема пари за ниту еден капитален проект.

„Цената на нафтата ја покачивте за 14 денари или со прост пример, ако едно семејство за да наполни резервоар од 60 литри, потребни му се повеќе од 800 денари или годишно само за гориво едно семејство треба да потроши 20.000 денари. Дополнително на ова ако го додадеме покачувањето на струјата од 7,3 отсто, тоа се вкупни само по овие две ставки близу 30.000 денари“, рече Стојаноски од собраниската говорница и додаде дека според проценките на Народната банка и ММФ, Македонија ќе има најнизок раст на еконимојата во регионот.

Пратеникот од СДСМ Диме Велковски  пак му реплицираше на Стојаноски дека само во сториот квартал од годинава извозот достигнал 763 милиони евра што е за 140 проценти повеќе од минатата година, или споредено пред пандемијата 27 отсто повеќе од 2018 година, а само во ТИРЗ за седум отсто е зголемен бројот на вработувања од почетокот на годинава. Според него, ова е добар показател дека економијата почнува да заживува.

„ Дали се согласувате сите студенти, од државните и од приватните универзитети да добиваат месечен надомест од 2400 денари? Дали се согласувате да се изградат 12 нови градинки до крајот на оваа година и да се распределат 17 милијарди денари повеќе од 2018 година за социјална грижа?“, ги праша Велковски пратениците од опозицијата.

На ова од ВМРО ДПМНЕ му одговорија дека ваучерите за студентите не се капителен проект, туку таков проект е изградбата на студентски град, ветување на СДСМ кое остана неисполнето.

Освнувајќи се на обвинувањето дека ребалансот на буџетот ќе удри по џебот на граѓаните, пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ потсети дека во април 2016 година кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт, потрошувачката кошничка изнесувала 500 евра, а просечната плата нешто над 350 евра, што преставува разлика од 150 евра. За разлика од тогаш, годинава во април потрошувачката кошничка изнесува 550 евра, а просечната плата 450 евра, или јазот е нешто помалку од 100 евра.

Расправата за ребалансот на буџетот ќе продолжи по паузата во 16 часот.

Со предложениот ребаланс на Буџетот приходите се проектирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2021 година. Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет. Дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП.

Зголемување има и кај капиталните расходи за 6,5 милијарди денари и се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари.

Биљана Божиновска

буџет седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.