Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред преговорите на 17 јануари, нова средба Димитров – Коѕиас

0
By Нова ТВ on January 11, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска ќе имаат уште една средба, што вчера беше потврдено од двете министерства, но времето и локацијата не беа соопштени.

-Разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба – информираат од МНР.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи синоќа во емисијата 24 Анализа изјави дека средбата меѓу Димитров и Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција, додека во грчките новинарски кругови се шпекулира дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун.

Но засега потврда за ова нема од министерствата за надворешни работи на двете земји.

Во моментов постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот со Грција за името, изјави синоќа  Османи.

Тој нагласи дека грчките власти прифаќаат име во кое би бил содржан терминот Македонија.

– Постои заемно прифатливо решение, мислам дека сме стигнати до крајот на проблемот, вели македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи во интервјуто за грчката ТВ Антена.

Кусо по завчерашните средби со неговите домаќини Коѕијас и Јоргос Катругалос, јавува дописникот на МИА од Атина, Османи, говорејќи за телевизијата објаснува дека проблемот со името освен што ја блокира евро-атлантската перспектива на Македонија, претставува пречка и за билатерална соработка.

Тој,  исто како и во изјавите за медиумите по средбите, така и за грчката телевизија „Антена“, во однос на написите во медиумите за името „Нова Македонија“ како можно решение, вели дека сѐ уште не е стигнато до таа фаза за да се разговара за конкретни предлози.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос ги демантира шпекулациите на медиумите на албански јазик дека е постигнат напредок во спорот околу името и дека е договорено Македонија да го промени името во „Република Нова Македонија“, објави грчкиот весник „Катимерини“.

– Не сме заинтересирани за многубројните шпекулации во врска со преговорите за името, туку да продолжиме со преговорите на сериозен начин, за да можеме да дојдеме до решение во наредните неколку месеци за проблемот, кој не следи 25 години, рече Цанакопулос.

И портпатолот на македонската Влада вчера излезе со став во однос на можните решенија.

– Владата во овој момент не сака да навлегува во конкретни и суштински расправи во однос на преговорите за името, но како што посочи вчера нејзиниот портпарол Миле Бошњаковски, се оди кон тоа дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни.

– Во овој момент не би навлегувале во конкретни, специфични и суштински расправи во однос на преговорите за името, но она што е очигледно и што е јасно е дека климата е исклучително подобрена и во Република Македонија и во Република Грција и се оди кон тоа, како што неодамна најави премиерот, дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни, изјави Бошњаковски.

Во меѓувреме, со став за прашањето за името се огласи и Грчката православна црква. Архиепископот на Атина и цела Грција Јероним, изјави дека прашањето за Македонија е национално прашање и не може да ја остави индиферентна Грчката црква. Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името. Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на македонската црква.

Независни Грци, коалицискиот партнер во Владата на Ципрас, остануваат на нивниот став дека не се согласуваат со употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Оваа позиција уште еднаш ја повтори и потврди портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу, во интервју за радиото 24/7.

Опозициската грчка Нова демократија, пак, вчера ги изнесе црвените линии во преговорите. Партијата постави три предуслови пред Македонија, сложено име со географска одредница, име за сите и за севкупна употреба (ерга омнес) и откажување од секакви иредентистички изјави или пракси од страна на Скопје.

Говорејќи пред партиските членови кои се одговорни за различни сектори, Кирјакос Мицотакис, според грчката новинска агенција АНА-МПА, ги претставил црвените линии на партијата и рекол дека Нова демократија нема да прифати решение само за името, доколку не се исполнат и другите критериуми.

Средбата е пред најавената нова рунда преговори за нивно обновување, со медијаторот Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.

 

Димитров името Коѕиас средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.