Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизборно нови 50 вработувања во Здравствен дом

1
By Менче Атанасова Точи on November 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Здравствениот дом во Скопје минатата недела се вработени  50 нови лекари и медицински сестри. Тие се распоредени да работат во Итната медицинска помош, домашна посета и ноќната служба.  Дел од нив се луѓе кои веќе волонтирале за хонорар, но има и нови вработени,  дознава НОВА од свои извори во Здравствениот дом. Вработувањето на овие луѓе се случува непосредно пред изборите, иако со почетокот на кампањата има забрана за нови вработувања.

Во Здравениот дом на Скопје признаваат дека има нови вработувања, но велат дека огласот на докторите и медицинските сестри бил објавен пред да бидат распишани изборите.

„  ЈЗУ Здравствен дом на Скопје огласот за вработување на доктори на медицина и медицински сестри за потребите на Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување го објави и целата постапка ја заврши  со донесување на Одлуки за избор на кандидатите, пред распишувањето на изборите“, се вели во одговорот на менаџерскиот тим на Здравствениот дом, Скопје.

Од таму потенцираат дека, почитувајќи ги одредбите од  Законот за спречување на корупцијата, побарале и добиле позитивно мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата за пријавување на избраните кандидати во Агенцијата за вработување.

НОВА побара одговор од Државната комисија за спречување на корупција дали до нив е доставено барање за одобрување, односно позитивно мислење на новите вработувања во Здравствениот дом. По кусата преписка, добивме краток одговор дека тие имаат дадено свое мислење, но одговорноста во почитување на законите  е на самата институција.

„До  ДКСК има пристигнато повеќе барања на мислење од областа на здравството по кои Државната комисија дала мислење, односно одговорила на сите пристигнати барања. Доследното почитување на посочените закони е во надлежност на самите институции“, велат во Државната комисија за спречување на корупцијата.

Новите вработувања на лекари медицински сестри во брзата помош, домашната посета и дежурните служби, кои се случуваат по еден месец од објавување на огласот, предизвикаа негодување меѓу вработените и се толкуваат како обид на власта на да добијат повеќе сигурни гласачи на изборите.

Антикорупциска комисија вработувања Здравствен дом избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.