Претседателот на австријската Стопанската комора, Тирол Јирген Бодензеер побарал воведување на солидарен данок за сите Австријци, со што би се покриле трошоците за интеграција на бегалците во земјата.
– Секој Австријец би требало да даде свој придонес. Финансискиот товар не смее да падне само врз претпријатијата и стопанството, изјавил тој.
Тој исто така истакнал дека Австрија треба да се соочи со хуманитарната обврска која е пред неа и дека мора да ја исполни.
– Бранот на бегалци би можел да се искористи на пазарот на трудот. Нам ни е пружена шанса, уверувал тој.
Бодензеер нагласил дека мора да постои јасен план за работите да не излезат надвор од контрола. Од бегалците кои влегле во државата во септември, само 5 отсто останале во Австрија, додека другите го продолжиле патот кон Германија и другите земји од Европа.
Освен Германија, голем дел од бегалците се упатуваат кон земјите од Скандинавскиот
Полуостров.




