Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека не смета оти францускиот предлог е идеален, но, како што рече, ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ.

„Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни. И за овој предлог мислам дека не е идеален, но дека ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ“ – рече Османи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Тој официјално и препорача на Владата дека треба да се прифати предлогот на Европската Унија, вклучувајќи го ставот на експертите.

„Мислам дека разговорите денеска беа отворени транспарентни, се надеваме ќе го заокружиме брзо овој процес“ – истакна Османи