Екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески  незаконски нарачале рушење на објектот „Космос“ во Гази Баба во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски, соопшти денеска обвинителката Фатиме Фетаи презентирајќи го новиот предмет на кој работи СЈО – насловен „ТНТ“.

-Иако во овој случај за извршување на криминалните активности за кои постои основано сомнение дека се извршени, наредба и поддршка имало од тогашното највисоко раководство на државата и навидум се било покриено формално – правно и документанциски, со ова само уште еднаш се докажува дека не постои совршен злостор, посочи обвинителката Фатиме Фетаи.

Наредбата  за уривање на објектот , како што тврди СЈО незаконски се реализирала преку општина Гази Баба, а причината била политичка одмазда бидејќи Фијат Цаноски, како претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ) ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Првоосомничена во случајот е градежната инспекторка од општина Гази Баба, а освен неа СЈО сомничи уште три лица од Комисијата за јавни набавки на општината.

За нив обвинителството ќе бара мерки за обезбедување на присуство за кои дополнително ќе ги презицира, додека останатите осомничени Груевски, Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба – Тони Трајковски не може кривично да се гонат, бидејќи претседателот Иванов ги помилува.

Политичката одмазда на власта бизнисменот Цаноски го чинела околу 15 милиони евра

Првоосомничената во случајот „ТНТ“, која била градежен инспектор во Гази Баба по наредба на градоначалникот и врвот на партијата на власт свесно се согласија за шетата и ја реализирала постапката на рушење. Првично, инспекторката направила мерење на максималната височина на нултата плоча на градбата без да постојат законски услови за мерење на таа височина и тоа без да биде изграден заштитен тротоар на градбата од страна на пристапната улица.

Притоа составила записник каде навела дека целиот објект се градеж спротивно  ан основниот проект, односно повисоко за 143 сантиметри, а потоа донела одлука да во рок од 5 дена инвеститорот да ја отстрани градбата.

Иако инвеститотор Цаноски доставил и вештачење од Архитектонскиот факултет во кое стоело стручно мислење дека одлуката за рушење е незаконска, уривањето на проектот продолжило.

 -Градоначалникот го повикал налогот и ја искористил својата функција и надреденост и ја повикал првосомничената инспекторка и и кажал дека од врвот на партија ВМРО-ДПМНЕ побарале начин незаконски начин да се сруши објектот. Таа се согласила и свесна за штетатата ја реализирала псотапката. Фактот дека осомнуичената постапила неазконски произлегува од изготвеното вештачење од Архитенскиот факултет во Скопје, кое е направено во предистражната постапка и од сведоци, рече Фетаи.

За рушење со експлозив незаконски договорена фирма без лиценца

Бидејќи диманиката на рушење на објектот не се одвивала според планираното, инволвираните во процесот Груевски и Јанакиески, СЈО вели дека дале налог и го поттикнале градоначалникот во најкраток рок да го сруши објектот со експлозив.

Градоначалникот,  спротивно на Законот за јавни набавки ја поттикнал општинската Комисија за јавни набавки договорил фирмата „Три М Изградба“ да го заврши рушењето, иако фирмата не била регистрирана и немала лиценца за уривање со експлозивни набавки.

-И покрај тоа што компанијата не ги содржела сите потребни прилози, согласно тендерскаат документација составиле записник со понуди без објавување на оглас, со лажна содржина дека се исполнети условите и ја прифатиле понудата за еволуација. Потоа осомничените членови изготвиле и извештај со невистината содржина била комплетна, рече Фетаи денеска.

Од вештачењето на мобилниот на сега веќе починатиот сопственик на фирмата Ф.И. прибавени се докази за негова комуникација со останатите инволвирани.

kom-eksploziv
СМС -пораки од вештачењето на мобилниот на Ф.И.

Случајот „Космос“ на двапати беше споменат во аудио снимките кои ги објави опозицискиот лидер Зоран Заев , односно во 5. и 13. „бомба“.

Во еден од разговорите се слуша како премиерот Груевски нарачува на местото да се изгради убав парк, а објектот вели дека најдобро е да се сруши во „фул-сезона“ на годишни одмори. Подоцна и премиерот и екс министерот Јанакиески ги демантираа ваквите тврдење, образложувајќи дека за случајот „Космос“ запазена е градежната процедура.

Образложението на градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски пак, беше дека објектот се градел спротивно на законите односно дека отстапил од предвидениот проект за околу метар и половина.

Цаноски за НОВА раскажа како течела комуникацијата со локалната и централната власт во период пред и по градбата на Космос, за тужбата во Стразбур и очекувањата од специјалната обвинителка Катица Јанева која го презеде предметот.