Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предметите на СЈО во мирување – ќе се чека мислењето од Собранието

0
By Соња Петрушевска on February 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 5, 2019 15:00

Претседателката на законодавно – правната Комисија во Собранието Соња Мираковска за НОВА ТВ вели дека барањето за автентично толкување на Законот за СЈО се уште не е доставено. Тоа треба да стигне до Претседателот на Собранието, кое може да побара и мислење од Владата, а потоа да се закаже и комисиска расправа. Целата оваа процедура може да биде пролонгирана и два до три месеци.

Што ќе се случува со предметите на СЈО кои се покренати по истекот на 18 месеци од добивањето на прислушуваните разговори – временски рок за кои Врховниот суд донесе мислење  дека е краен законски термин во кој СЈО може да покренува истраги и обвиненија.

Врховната судијка Вера Коцо смета дека постапките за кои СЈО има покренато истраги по јули 2017 година ќе ја чекаат одлуката на Собранието кое треба да даде автентично толкување.

Во врска со мислењето на Врховниот суд, колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе заклучок да се обрати до Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, со барање Јавниот обвинител да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од СЈО. Исто така, Судот бара од Државниот јавен обвинител да иницира автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО од Собранието, бидејќи само законодавецот може да даде автентично толкување на Законите. Од исклучителна важност за судот е правилна и доследна примена на Законот за кривична постапка кој е од примарно значење во водењето на постапките, соопшти Судот.

Од таму додаваат дека се додека не се произнесе Државниот јавен обвинител дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција , Основниот суд Скопје 1 – Скопје во сите предмети ќе постапува согласно одредбите од ЗКП, а за предметите на СЈО добиени по истекот на рокот за кој мислење даде Врховниот суд, кои се итни и неодложни ќе одлучуваат надлежните кривични совети, се со цел да не дојде до непотребно одолговлекување- пишува во соопштението од Кривичниот суд.

Судијката Маргарита Цаца Николовска очекува дека одлуката дали ќе постапуваат по предметите на СЈО ќе треба да ја донесат судиите.

„СЈО не е мртво – нема да може никој да се ослободи од кривична одговорност на овој начин. Има правен систем и тој мора да најде решение и предметите кои се  во кривичната област да се процесуираат“ речe Николовска.

Таа  се согласува дека Собранието е надлежниот орган кој треба да даде автентично толкување за одреден Закон, а не Врховниот суд.

„Очигледно, дури сега одредени лица собрале храброст и сила тоа да го направат –  18 месеци ваква пасивност од сите страни е недозволива.

„Ако некој мисли дека со ова начелно мислење на Врховниот суд  одредени лица ќе бидат ослободени од кривична одговорност, тоа ќе биде катастрофа за Македонија“, рече судијката Маргарита Цаца Николовска.

Николовска и Коцо се согласуваат дека Врховниот суд немал надлежност да дава мислење по барање на адвокатите и да се впушти во толкување на Закон, што е работа на Собранието или на Уставниот суд. Врховниот има надлежност да одлучува само ако има спор меѓу различни судови.

„Не е првпат Врховниот суд да се залетува со вакви правни мислења и во изминатиот период знаеше да донесе мислење кое не соодветствува со правната слика во нашето општество“, рече судијката Вера Коцо, но додава дека сепак е „мислење донесено од највисокиот суд и ќе има влијание врз пониските судови во смисла на прејудицирано решавање“.

„Ниту еден судија нема да дозволи да размислува поинаку од она што е дадено во мислењето, иако имаме и судии со интегритет“ додаде таа.

Врховниот суд одлучуваше по иницијатива на адвокатите кои ги застапуваат обвинетите во предмети на СЈО, одлучи дека Специјалното јавно обвинителство повеќе не смее да води истраги и да покренува обвиненија, затоа што поминал рокот од 18 месеци откако ги добиле прислушуваните разговори. Со ваквото мислење на Врховниот суд станува неизвесна завршницата на 18 случаи кои СЈО ги покрена по јули 2017 година – меѓу кои се Талир за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ, „Империја“- во кој се обвинети Мијалков, Камчев, Панделевски, „Попис“во кој се опфатени Ахмети и Груевски, „Лидери“,  „Пациент“ каде е  осомничен Бујар Османи како поранешен министер за здравство, „Моќник“ против Антонијо Милошоски, „Хармонија“ во која се опфатени  Никола Груевски, Миле Јанакиески и Стевчо Јакимовски.
Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски објасни дека мислењето на Врховниот суд за првостепените и второстепените не е обврзувачко, туку само за советите во Врховниот суд.

„Сепак судиите во прв и втор степен ќе имаат право да мислат со своја глава и да одлучат дали ќе го почитуваат мислењето“ изјави Вангеловски.

Ова значи дека СЈО може да продолжи да ги застапува овие предмети, но тие би паднале кога ќе дојдат пред  Врховниот суд.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за ТВ21 рече дека „Врховниот суд се впушти во интерпретација на Законот за СЈО без за тоа да има надлежност.

„Трисет години сум во политика, првпат се случува Врховен суд да се впушти во интерпретација на закон без претходна консултација со Собранието или Уставениот суд“, рече Џафери.

Одлуката на Собранието може да биде донесена и за неколку месеци поради одржувањето на претседателските избори кога не се очекува Собранието да одржува седници освен кога се работи за итни закони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.