Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со став, СДСМ допрва ќе расправа во партиските органи и тела пред да се произнесе по барањето на ВМРО ДПМНЕ за предвремени избори. Интергративците преку министерот Бујар Османи се изјаснија против спојување на парламентарни со претседателски избори и покрај тоа што, според нив, имаат подобар рејтинг одошто во 2016 година. Таквата одлука ја обрзаложуваат со фокус на реформите за да нема губење на драгоцено време.
На иста бранова должина со ДУИ се и во СДСМ со таа разлика што сè уште ја немаат дефинирано конечната позиција по прашањето предвремени парламентрани избори. Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска го повтори ставот на премиерот Зоран Заев искажан вчера дека предвремени избори не се непосакувана опција за партијата, но такво нешто ќе значи пола година загубен период за нивна подготовка, за спроведување, за давање на мандати, за формирање на Влада, итн.
Тоа, според Шеќеринска, ќе се одрази врз реформите во земјава, но и аргумент за одложување на стартот на преговори за членство во НАТО.