НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предвремени парламентарни избори: Апетити за власт и неодговорно однесување кон клучните процеси во државата

0
By Ана Василевска on November 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Преку блокадата на Собранието, со цел да предизвика предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ започна уште во мај годинава, кога Христијан Мицкоски најави дека опозициска блокада во Собранието е „стратегија што ќе трае“ и нема да биде само „инстант акција“, а причината на блокадата се „сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата“. Што се крие зад овие барања?

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

ДИК нема буџет за  предвремени избори. Во новиот Предлог-буџет за 2023 година, за Државната изборна комисија се одвоени 82.641.000 денари. Во планираните активности за ДИК се наведени континуиран развој и унапредување на обуката за едукација во врска со изборниот процес, ажурирање на избирачкиот список, едукација на млади гласачи кои ќе гласаат првпат, активна меѓународна соработка, учество во набљудувачки мисии, обезбедување на услови за работа во ДИК, одбележување на светскиот ден на избори. Како „аутпут индикатори“ се наведени 15 денови на одржани обуки.

Значи, дефинитивно, ДИК нема буџет за  предвремени избори.

Во 2020 година дополнително се одвоија околу 4 милиони евра од буџетот за платено политичко рекламирање. Доколку се оствари сонот на ВМРО-ДПМНЕ, се отвора и прашањето, колку, во оваа енергетско-економска криза, ќе ја чинат државата предвремени парламентарни избори?

Во Собранието се расправаше за Предлог буџетот за 2023 година за кој се поднесени 250 амандмани од кои 200 само на ВМРО-ДПМНЕ. Со ова и самата постапка ќе се развлече, а самите амандмани можат дополнително да го закочат целиот процес, со оглед дека се очекува до средината на декември тој да биде изгласан.

Ова личи на уште една блокада на ВМРО-ДПМНЕ за Закон кој е круцијален за функционирање на државата особено во вакви услови на енергетско-економската криза.

За блокадите

Да потсетиме дека „активната блокада“ на ВМРО-ДПМНЕ придонесе до блокирање на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, застојот во реализацијата на ИПА проектите што ги доведуваат во ризик проектите од исклучителна важност за животната средина вредни 270 милиони евра од ЕУ фондовите, процесот „Жан Моне“, повторно се стопираше заради неучество на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а ги блокираа и измените за законите за анти-кризни мерки на Владата на загрозени делови од населението во услови на криза.

И не кријат дека блокираат.

Напротив, имаат листа на замерки за секоја своја блокада, но не и конкретни решенија како да ја подобрат состојбата. Или ако предлагаат анти-кризни мерки, немаат конкретни предлози како тие да се реализираат.

Истовремено, не запираат барањата за предвремени парламентарни избори, чиј редовен термин е 2024 година. Значи, за нешто повеќе од една година. Имајќи предвид дека изборите во 2020 година, исто така, беа предвремени и во услови на криза, тогаш со Ковид-19, пак се враќаме на почетното прашање:

Колку ВМРО-ДПМНЕ мисли да ја оштети државата, која и овој пат е во кризна состојба, како и, впрочем, целиот свет?

Инаку, преку блокадата на Собранието, со цел да предизвика предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ започна уште во мај годинава, кога Христијан Мицкоски најави дека опозициска блокада во Собранието е „стратегија што ќе трае“ и нема да биде само „инстант акција“, а причината на блокадата се „сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата“.

Мицкоски најави и блокади на институциите ако нема договор за предвремени избори во текот на летото, што не се случи, иако беше во контекст на „францускиот предлог“ за пристапните преговори за членство во ЕУ. Предлогот се изгласа, протестите пропаднаа, а Собранието продолжи да си работи, како што и Северна Македонија да чекори кон ЕУ. Или како што изјави и претседателот на Собранието, Талат Џафери, ВМРО-ДПМНЕ може да ја блокира работата на Комисиите со кои раководи, но не и работата на самото Собрание.

И пак се враќаме на штетата што ќе ја претрпат граѓаните на сметка на личните интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, што поради своите деструктивни политики досега ја чинат државата изгубени 100 милиони евра од ЕБОР за справување со енергетската криза, неискористени 70 милиони евра, исто од ЕБОР од Град Скопје, за кои  државата плаќа 350 илјади евра годишно на ЕБОР како камата, додека парите наменети за проектот стојат, за БРТ градскиот превоз, а Скопје нема да добие пречистителна станица поради внатрепартиските игри во ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска што придонесе да пропадне тендерот вреден 136 милиони евра.

Зошто не предвремени парламентарни избори?

Освен што се шок за системот, особено во услови на општествено-политичките и економските предизвици и кризи поврзани со  домашните и регионалните трендови, но и со глобалната криза предизвикана од руската инвазија против Украина, предвремените парламентарни избори не треба да бидат политичко правило. Или, во овој контекст, може да се зборува за партиско правило или „оној кој губи има право да се лути“, ама самите на себе, а не како што секогаш велат „во интерес на граѓаните“.

Инает

Предвремени парламентарни избори ниту се пожелни, ниту има реална потреба од нив. Но, инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ, односно Мицкоски, можеби е само да се остане „доследен“ на ветувањето што го даде на премиерот Димитар Ковачевски по средбата во јули годинава во врска со „францускиот предлог“.

„Му понудив да излезе и да го отфрли ова, а јас да се повлечам од барањето за предвремени избори и од активна блокада во Собранието. Само треба да го отфрли предлогот и да рече НЕ“, изјави тогаш Мицкоски.

Стабилноста и континуитет на процесите во државата се битен фактор во услови на криза која не е (само) политичка. Политичката криза, вештачки, преку блокади, се обидува да ја создаде токму ВМРО-ДПМНЕ (и неколку други, помали политички актери).

Повеќе од очигледно е дека нема реална основа за предвремени парламентарни избори.

Едноставно, опозицијата е на патот на сопствените интереси и апетити за власт, без да застане и праша што, всушност, е интересот на граѓаните: Одговорно однесување и вклучување на опозицијата во процесите или постојано блокирање и кочење закони што се од круцијално значење за граѓаните.

Извор/Цивил Медиа


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Блокади во Собрание ВМРО-ДПМНЕ Дик избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.