Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Продолжуваат немирите во албанското собрание; 111 години вооружени сили на Албанија; Специјалното обвинителство ги ограничи контактите и комуникациите на Тачи, Весели и Селими

0
By Blerina Tahiri on December 4, 2023 ВЕСТИ, Медиуми, РЕГИОН
Top Channel
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во албанското собрание опозицијата и денеска продолжи со тензии, опозициските пратеници се судрија со гардата на влезот на Собранието, а тензиите се зголемија со почетокот на пленарната седница во 10 часот.

Специјализираното обвинителство, преку соопштение до медиумите, даде детали за ограничувањата што им ги изрече на тројцата обвинети во Притворот на Специјализираните совети – Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими.

Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Хаос во Собранието/ Пратениците од опозицијата се судрија со гардата, запален факел,  пленарната седница е затворена

Опозициските пратеници се судрија со гардата на влезот на Собранието, а тензиите се зголемија со почетокот на пленарната седница во 10 часот. Гардата бараше физичка контрола на демократите, а пратениците одбија со аргумент дека тоа е во спротивност со прописите на Собранието.

Додека десетици чувари ја опколија салата, пратениците од опозицијата повторно ги собраа столчињата, приговарајќи на нивното присуство. Дел од пратениците на опозицијата се судрија со редарите, додека Фламур Нока запали факел, пренесе Топ Чанел.

Визион Плус: 111 годишнина од создавањето на вооружените сили/ Бегај: Благодарност и понизност за жртвите на војниците

Претседателот на Републиката Бајрам Бегај упати честитка до вооружените сили на Албанија за 111-годишнината од формирањето.

Бегај во посебна порака на официјалниот Фејсбук профил вели дека вооружените сили се национална гордост кои успешно успеале да го држат знамето и името на Албанија, пренесе Визион Плус.

КОСОВО

Сури нет: Ограничени  контактите и комуникациите на Тачи, Весели и Селими

Специјализираното обвинителство, преку соопштение до медиумите, даде детали за ограничувањата што им ги изрече на тројцата обвинети во Притворот на Специјализираните совети – Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими.

Како што се наведува во соопштението, одлуката за ограничување на контактите е донесена откако Тачи, Весели и Селими се обиделе да манипулираат со исказите на сведоците, пренесе Сури нет.

Бота Сот: Продолжуваат истрагите за убиството на Лиридона Адемај

Портпаролката на обвинителството во Приштина, Лаурета Улај денеска изјави дека и покрај првичната изјава на сопругот на Лиридона Адемај дека тој е нарачателот на нејзиното убиство, не може да се соопштат дополнителни детали за да не се наруши постапката, пренесе Бота Сот.

Зери: По речиси 25 години стационирање, НАТО размислува за трајно засилување во Косово

Во 1999 година, тој интервенираше за да стави крај на војната во Косово. НАТО 78 дена по ред ги бомбардира целите на тогашната српска војска. По неговото повлекување од Косово, во јуни 1999 година, НАТО слета со својата мировна мисија КФОР, составена од повеќе од 50.000 војници.

Оттогаш, КФОР минатата година е намален на нешто повеќе од 3.700 војници. Денес брои над 4.600.Бројот на  војниците е зголемен оваа година, поради зголемувањето на тензиите на северот на Косово, населен со мнозинство Срби, пренесе Зери.

Бота Сот: Кисинџеровите гревови кон Косово

Каков беше ставот на Кисинџер за Косово?

Водејќи се со својата понекогаш контроверзна, а понекогаш и контроверзна политика од Камбоџа до Косово, Кисинџер продолжува да се смета како што беше за време на неговиот живот и сега по неговата смрт, голем и омразен, упатен и тенденциозен, пишува авторот Рамазан Бектеши во колумната „Кисинџеровите гревови кон Косово“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албански медиуми Избор регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.