Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Свечено отворена нова база на НАТО во Албанија; Бериша бара да му се укине притворот; Русија не сака крај на дијалогот помеѓу Србија и Косово

0
By Marija Todorovska on March 4, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Албанија ( Кучове) денеска свечено ќе се отвори воената база на НАТО  со модерна инфраструктура за воените авиони на Алијансата, додека пред неколку дена беа склопени 3-те вооружени беспилотни летала „Бајрактар“, купени во Турција, пренесуваат албанските медиуми.

Русија не сака процесот на дијалог меѓу Косово и Србија да заврши успешно според проектите на Западот, се вели во извештајот објавен на 1 март во Приштина на Косовскиот институт за истражување и развој на политики (КИПРЕД), пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски из бор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

НОА: Отворена воздушната база на НАТО во Кучове

Денеска свечено ќе биде отворена воената база на НАТО во Кучове со модерна инфраструктура за воените авиони на Алијансата, додека пред неколку дена беа склопени 3-те вооружени беспилотни летала „Бајрактар“, купени во Турција.

Програмата за инаугурација на базата е раздвижена, а на церемонијата на пречек ќе учествуваат највисоките шефови на албанската држава, како и претставници на НАТО алијансата.

За време на церемонијата ќе има и воздушен спектакл на летање на авиони.

Реконструкцијата на воздухопловната база Кучове започна во јануари 2022 година. Поранешната база од времето на комунизмот, изградена со доброволна работа во 1952 година, за да му служи на Варшавскиот пакт, седум децении подоцна ќе служи за операциите на Атлантската алијанса, пренесе НОА.

Лапси: Се бара укинување на мерката „куќен притвор“, денеска седница во ЃККО за поранешниот премиер Сали Бериша

Во Специјалниот суд денеска ќе се одржи рочиште за поранешниот премиер Сали Бериша, кој побара укинување на мерката „куќен притвор“ што му е изречена од 30 декември 2023 година. се очекува да започне во 11:00 часот.

Во меѓувреме, во вторник во 10.50 часот ќе се суди барањето на Бериша за укинување на мерките „должност за јавување“ и „забрана за заминување во странство“, пренесе Лапси.

КОСОВО

КОХА – КИПРЕД: Русија не сака крај на дијалогот Косово-Србија според проектите на Западот

Русија не сака процесот на дијалог меѓу Косово и Србија да заврши успешно според проектите на Западот, се вели во извештајот објавен на 1 март во Приштина на Косовскиот институт за истражување и развој на политики (КИПРЕД).

Успешното завршување на дијалогот, кој е под посредство на Европската унија и поддржан од Соединетите Држави, ќе го докаже намаленото влијание на Русија во светските работи, се вели во извештајот.

Дијалогот меѓу Косово и Србија, поддржан од ЕУ, започна уште во 2011 година. Целта е нормализирање на односите меѓу двете земји. Косово ја прогласи својата независност во 2008 година и е признаено од 117 земји, но Србија продолжува да го смета за нејзин дел. Според извештајот на КИПРЕД, успешното завршување на овој дијалог би довело до консолидација на државата и државјанството на Косово и регионалната безбедност , додека затворањето на проблемите со Косово би ја поттикнало Србија да се ориентира кон Запад, пренесува Коха.

Епока е Ре: Во Приштина денеска се одржува Конференцијата за сајбер безбедност и приватност

Денеска ќе се одржи 8-то издание на Конференцијата за сајбер безбедност и приватност „Cyber ​​ZERO“.

На отворањето учествуваат министерот за внатрешни работи Џелал Свечла, поранешниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, како и портпаролката на американската амбасада во Приштина, Кетрин Џад, пренесе Епока е Ре.

КОЛУМНА

Коха Диторе: Подемот на екстремните партии во ЕУ е претеран страв

„Растот на популистичките и екстремистичките партии во ЕУ во пресрет на европските избори не е проблем. Најголем проблем е отстапувањето на традиционалните, левичарски и десничарски и либерални партии од вредностите на кои до сега се залагаа.

Најголема опасност е откажувањето од принципите на централните партии. Што се однесува до Европскиот парламент, дури и во идниот состав ќе има доволно мнозинство за главните традиционални, проевропски партии. И ќе остане поддршка за проширувањето на ЕУ, за Западен Балкан и за Косово исто така..“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Подемот на екстремните партии во ЕУ е претеран страв“, објавена во Коха Диторе.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албанија Косово Кучове НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.