Published: Monday, March 14, 2022 08:27
Русија и Украина денеска продолжуваат со преговори што ќе се одвиваат во форма на видео конференција, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
„Би-Би-Си“ јави дека Михаил Подољак, украински преговарач и советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја потврди оваа најава од Кремљ.
Во видео објавено на социјалните мрежи, Подољак кажува дека Русија почнала поконструктивно да се ангажира околу преговорите и дека сега „го гледа светот околу себе многу подобро“.
Украинскиот претседател Зеленски вчера изјави дека неговата делегација секојдневно разговара со руските преговарачи.




