Преговорите помеѓу Грција и европските кредитори нема да завршат по одржувањето на референдумот закажан за 5.јули.
Како што пишуваат медиумите од регионот, Ципрас добил писмо од претседавачот на еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јерун Дејселблум, во кое му наведил дека тие ќе ги разгледаат последните предложени измени на грчкиот премиер.
Министрите за финансии од еврозоната минатата вечер одлучија да не ги обновуваат преговорите со Атина пред референдумот, на кој Ципрас ги повика гласачите да го отфрлат предлогот на кредиторите.
– Многу жалам за ситуацијата, имајќи ја предвид силната непоколебливост на грчкиот народ да биде дел од Европа и да остане дел од еврозоната, што ние целосно го поддржуваме, рече претседателот на Еврогрупата.
ММФ од друга страна соопшти дека приоритет на Фондот е да му помогне на грчкиот народ во текот на тешкиот финансиски период.




