Алексис Ципрас, премиер на Грција. Фото: Еуроактив
Иако завчера лидерите на ЕУ и кредиторите, како и самиот Ципрас настапија уверливо дека договорот со Грција е речиси готова работа, денеска веќе нема ништо од првичниот оптимизам. Состојбата на комплетна неизвесност се врати откако вчера беше прекинат состанокот на еврозоната без да се дојде до договор со којшто би се избегнал банкрот на Грција и напуштање на еврото.
Состанокот на министрите, всушност, само што почна и заврши. Прекинот во преговорите дојде по само еден час на маса, а денеска попладне се очекува да се продолжи состанокот.
Претходните најави дека договорот е веќе решена работа истиот ден на Грција и донеса раст на берзата што според познавачите испрати сигнал дека инвеститорите се позаинтересирани за договорот кој ветува стабилност, отколку за ваквата состојба на неизвеност




